Поголемите банки, една по друга, почнаа да ги поевтинуваат кредитите за населението. Генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија, Глигор Бишев, вели дека намалувањето на каматните стапки кои во моментов се на историско најниското ниво, е процес кој започна пред 30-ина денови и веќе резултира со подобри кредитни услови за населението, а набргу и за компаниите. Во овој период приоритет им даваме на станбените кредити при што за граѓаните, заедно со нашата матична банка - Штаермаркише банк, обезбедивме средства за пласирање на два нови станбени кредити со фиксна каматна стапка од 5,5% за првите 5 години и вториот со камата од 5,25% за првите 3 години, со што им дадовме повеќе можности за избор при нивното планирање на средствата.
Поголемите банки, една по друга, почнаа да ги поевтинуваат кредитите за населението. Генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија, Глигор Бишев, вели дека намалувањето на каматните стапки кои во моментов се на историско најниското ниво, е процес кој започна пред 30-ина денови и веќе резултира со подобри кредитни услови за населението, а набргу и за компаниите.
- Во овој период приоритет им даваме на станбените кредити при што за граѓаните, заедно со нашата матична банка - Штаермаркише банк, обезбедивме средства за пласирање на два нови станбени кредити со фиксна каматна стапка од 5,5% за првите 5 години и вториот со камата од 5,25% за првите 3 години, со што им дадовме повеќе можности за избор при нивното планирање на средствата - рече Бишев кој појасни дека овие каматни стапки ќе важат до крајот на годинава, по што и во зависност од движењата на меѓународните пазари, ќе се креира и висината на каматите.
Моментно, уделот на Шпаркасе банка во вкупниот број на станбени кредити изнесува 5,5%, а неговите очекувања се до крајот на годинава тој процент да нарасне на 7%. Тој очекува дека поволни кредити Банката ќе обезбеди и наредната година.
- Наша цел во Република Македонија е условите за кредитирање на населението и компаниите да ги приближиме на оние што важат во нашата групација - вели Бишев, според кого адекватноста на капиталот на Банката е 29,5%, што е висока и овозможува кредитирањето да биде неограничено.
Бишев истакна дека во моментов, во земјава поголема е вредноста на кредитите од депозитите. Тој очекува кредитниот раст да се забрза во наредниот период и ги охрабрува носителите на економските политики да ги усвојат најавените неконвенционални мерки, но и посочи дека гарантниот фонд е добредојден за финансирање мали и средни претпријатија.
Првиот човек на Шпаркасе банка Македонија смета дека постојниот број на банки во земјава во однос на бројот на жители и во однос на бруто-домашниот производ, не обезбедува, како што рече, "економија во обем".
- Економијата во обем ќе ги натера банките да се окрупнуваат и да бидат поефикасни - нагласи Бишев.